Што е добар човек?

Размислувања

Добар е човекот што му служи на своето и доброто на другите. Патем речено, нема свое добро што не е добро и за другите.
Ако во она што го правиме за нас не наоѓаме добро и за другите, тоа не е добро.

Така, може да се каже дека добриот човек има добра намена, исто како што добриот чамец, или добрата четка за заби, или било што друго што ќе замислите имаат добра намена.
А што е воопшто е намена?

Намена е причина за постоење.
Нештото е наменето да служи за нешто и тоа е добро толку колку што служи на тоа нешто. Ако крајната цел (намената) е добра, тоа нешто служи за ДОБРУВАЊЕ.

Значи, ако човекот нема добра намена, тој е ЛОШ.

Затоа, криминалците се лоши. Тие не служат на доброто на другите, туку му служат (така си мислат) само на своето добро.

Е, затоа служи животот. Тој е уникатна прилика за човекот да испробува и да открива што е добро, а што е лошо, и тоа преку сопствениот грб. Ќе прашате како? Просто, секое дело што го прави човекот е семе што раѓа плодови. Некои од нив се слатки, некои горчливи, а некои се пак тврди како стапот што се урива врз грбот на несреќникот што утнал во семето.

Гледате, доброто не е релативно. Тоа и тоа како си е дефинирано, и е омеѓено со БОЛКА. Болката е знак дена нештото е лошо.

Нарачај ја книгата АНАТОМИЈА НА МОЌТА

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!

Нарачај ја книгата ДОКТОР СЕКС

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!