Целта на човекот на земјата е преку своите постапки да причинува ефекти врз својата околина. Ефектите врз околината настнуваат преку креирање. Човекот на земјата постојано креира и одлучува по разни прашања. Со своите одлуки луѓето го креираат својот живот и својата околина. Може да се каже дека човекот е „осуден“ да креира ефекти врз својата околина.

Квалитетот и видот на ефектите што човекот ќе посака да ги искреира, во целост зависат од состојбата на неговиот дух. Колку е повисока состојбата на духот, (колку е тој посветол) дотолку попозитивни ќе бидат ефектите што човекот ќе ги креира, и обратно. Луѓето со ниска состојба на духот, склони се кон уништување на околината и на себе. И овие луѓе креираат ефекти, но тие ефекти се негативни.