Алчните се сиромаси

Размислувања

Алчниот човек не може да биде богат, затоа што богатоста подразбира е резултат од задоволеноста. Бидејќи алчниот човек не зне за доста, нему се му е малку, се му недостига и тој не може да ужива во богатството.

Богатството е прашање на благодарност и ситост.

Лакомиот се прејадува, трупа излична тежина затоа што е лишен од свеста дека му е доста јадење исто како и алчниот богаташ што не може да се насити од материјални добра.

Сексуалниот развратник пак, има потреба од сексуална наслада исто како и наркоманот на кого муе потребна силна доза на дрога за да го почувствува задоволството од животот.

Во овој свет мнозинството од луѓето се гладни и ненаситни. Ненаситноста го блокира чувството за човештина, милост и сочувство кај луѓето и ги претвора во гладни волци што се собираат во глутници гледајќи како да грабнат што е можно поголем плен.