Границата на моќта

Размислувања

Која е границата на моќта што определува колку можеме?

Просто: Љубовта.

Зошто?

Затоа што колку што љубиме, толку сме во состојба да бидеме да примаме. Кога мразиме, ние се оградуваме со огради низ кои не може да помине ни лошото ни доброто подеднакво.

Точно тие огради што служат за одбрана од луѓето и пречат и Божјата милост да фрли макар зрак светлина во темницата на стравот во кој живее човекот без љубов.

И така, како што за болниот божјата милост доаѓа во ликот на лекарот кој ќе му помогне, така за сиромавиот божјата мислот доаѓа во форма на вработување.

Соодветно, болниот што нема љубов нема да може да прими милост и да се излекува од физичката болест. Истото важи и за сиромавиот што нема љубов. Тој ќе си остане сиромав затоа што нема да биде во состојба да созаде љубов и соодветно комуникација со работата што ќе му донесе материјална благосостојба.

Гледате, луѓето самите се ограничуваат себеси со своите стравови. И колку се поголеми стравовите толку се поголеми ѕидовите. А колку се повисоки ѕидовите, толку помалку сонце доаѓа во дворот на тој што се заѕидал.

Највисоките ѕидови пак, ќе пропуштаат сонце само напладне кога сонцето е највисоко. А во другите делови од денот?

Се знае – сенка и страв.