Здрава храна

Размислувања

Секој информационо енергетски втек во нас се вика ХРАНА. Со други зборови, се што влегува во нашиот свет преку ушите, устата и сите други перцепции е ХРАНА. Со најпрости зборови се што пуштаме да влезе во нас е ХРАНА.

Јадењето е само мал дел од здрава храна со која се храниме. Тоа треба да биде чисто, но не само тоа.

Она што го слушаме, го гледаме и го чувствуваме по било кој основ од надворешноста не храни многу повеќе од храната што ја јадеме.

И како што храната што влегува преку устата може да биде загадена, отровна па дури и смртоносна, десетпати повеќе се тоа храните што влегуваат во нашиот личен универзум по каналите на нашите други перцепции.

И така, луѓето велат: Јади здрава храна, а гледаат вести на телевизија.

Гледаат бели и црни бумбари гледаат како луѓето јадат бурек во тв емисии, гледаат како се надплукуват едни со други во далечина, и се тоа додека јадат здрава храна од блиската продавница за зрнести производи што ѓоа биле здрави.

Мене сето тоа ми е сомнително, да ви кажам искрено.

Кога критикуваш некого се храниш со омраза. А има ли поголем отров од омразата? Кога плукаш по некого се храниш со гнев. Гневот пак е најконцентрираниот отров што убива дури и без да го испиеш. Тој убива од далеку, и тоа бавно но сигурно. Прашајте ги лекарите. Се знаат да ви кажат, ама си ќутат, оти нема кој да ги слуша.

И ќе речеш:
Што ми е докторе, болен сум. А тој си молчи и ти препишува апче. Што да прави сиромавиот? Да те праша кого го мразиш најмногу? Или да те праша што мразиш повеќе? Работата или жената? Можеби соседот или татко ти?
Или можеби сите заедно ги мразиш заедно со себе?