Имаме неотуѓиво право да мразиме

Размислувања

И накрајот на краиштата, некој ќе рече: Јас имам право да не ми се допаѓа едно, друго или трето. Имам право да не сакам да зборувам со овој или оној и да не го трпам ликот а, б или в.

Да, сето тоа е точно.

Но едно е кога некого не го сакаме, но сме принудени да комуницираме со него, а друго е кога просто се тргаме од непосакуваната околина. Кога се тргнеме од околината што не ни е „по мерка“, таа исчезнува за нас. Со други зборови, престанува да постои и да не вознемирува.

Но кога се согласуваме да присуствуваме во некоја непосакувана реалност нашата омраза и нетрпеливост се претвора во физички и ментални болести.

Најголемиот дел од луѓето решението на овие непосакувани состојби го наоѓаат во употребата на алкохол и медикаменти за смирување. Потрошувачката на овие производи на светско ниво се мери со илјадници тони и им носи милионски профити на производителите.

Ниту едно дете нема да се согласи да си игра со некој што не го сака. Тоа е својствено само за ворасните, кои за таа цел го измислиле зборот компромис.