Не се само клошарите пропаднати на дното на животот. Многу луѓе ментално клошарат наоколу облечени во сјајни костуми и фустани. Тие се шетаат наоколу позирајќи како среќни луѓе, а длабоко во себе страдаат од најтемни емоцииживеејќи во душевна мизерија.

Разликата меѓу нив и клошарите е само во облеката. Точно заради таа облека што ја носат, честопати околината ги третира како нормални единки. Безброј бракоразводни парници се отвориле затоа што едниот партнер лошо го проценил другиот како здрава единка, која што потоа покажала колку малку интегритет и душевни квалитет има во неа.