Слободата и љубовта се многу блиски поими. Љубов може да има само таму каде што има слобода.

Слободен е човекот кој што по свое наоѓање дава или не дава афинитет (љубов)и постапува по истиот.

Не постои друга слобода на овој свет, освен слободата на љубовта.

Неслободниот човек е неслободен, затоа што или му е забрането нешто што љуби, или пак му е наметнато да љуби нешто за кое што нема љубов.

Слободата е најценетото нешто на светот, затоа што таа му овозможува на човекот тој да решава на што и кого ќе му подари љубов.

Големите творци беле големи затоа што твореле од љубов. Кога човекот твори воден од љубовта, сите врати на вселената му се отвораат и сето потребно знаење му станува достапно, со цел да ги материјализира своите идеи.

Денес, луѓето присилени со разни методи, живеат остварувајќи наметнати цели додека своите ги потиснуваат. Тие го поминуваат животот во ропство, служејќи на туѓи цели, забранувајќи си да создадат свои.