Што значи да имаш смисла

Плати скапо - наплати скапо

Што значи да имаш смисла?

Животните процеси се делат на два вида: растење и распаѓање. Убавината се раѓа од надградбата, додека грдотијата од распаѓањето. Во твојот ум од самото раѓање е вградена командата за растење и развивање и затоа сите проценки што ги правиш се базирани на размислувањето дали одредена акција ќе ти донесе надградба или не.
Да имаш смисла пак, значи да си свесен за тоа дека некоја акција ќе придонесе за твоето надградување. Од тука, да ја пронајдеш смислата, значи да се надеваш и да очекуваш дека тоа што го правиш ќе ти донесе некакво добро.

Доброто секогаш е убаво, корисно, и ти носи напредок на некое животно поле. Доколку не можеш да забележиш дека нештото што го правиш ти носи напредок, тоа што го правиш нема смисла, залудно е и штетно.

Залудно значи штетно!

Сите работи што немаат смисла се штетни. Немој да мислиш дека можеш да правиш нешто што нема смисла а во исто време тоа да не ти предизвика штета. Животот се мери со време и секое занимавање со бесмислени работи ти носи штета којашто во најмала рака се изразува во форма на залудно потрошено време.
Запомни добро дека интересот е мерка на смислата. Нема смисла без интерес и нема интерес без смисла. Ова е волшебната формула за мерење на квалитетот на постапките што ги правиш.
Умниот човек е умен затоа што знае да процени што има смисла а што не, и е способен да се зафати со тоа што има смисла а да го напушти тоа што нема смисла.

Нарачај ја книгата ПЛАТИ СКАПО – НАПЛАТИ СКАПО

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!