Човек е толку будала колку што дозволил темните сили да владеат со него. Изворот на „будалоста“ на човекот е верата во идеите на Егото наместо верата во идеите на душата. Во суштина, изворот  на сите темни идеи на човекот е егото. И сите луѓе на светот од време на време повеќе или помалку, поретко или почесто му веруваат на егото и исто така почесто или поретко, во поголема или помала мера прават будали од себеси.

Сите философски учења во текот на историјата на човештвото настојувале да ги разработат методите на делувањето на „демоните“ што владеат со човекот. Овие его идеи – „Демони“ дури добивале и своја уметничка форма во делата на познати творци.

Инаку зборот „Будала“ е турцизам одомаќен во некои балкански држави вклучително и Македонија и значи Нездраворазумник. Во принцип, христијанските философи дефинирале седум смртни гревови што човекот може да ги направи со своите постапки. Така, сите штетни постапки по својата содржина можат да се класифицираат во рамките на седумте смртни гравови.

Овде само ќе ги набројам, а повеќе за нив, можете да прочитате во мојата книга „Не сади тикви со ѓаволот“.

Значи, седумте смртни грева се:

Мрзата

лакомоста

алчноста

гневот

гордоста

завидливоста и

похотата

Исклучителна полза ќе имате доколку во својата околина лоцирате некој човек кој што го сметате за „будала“ и внимателно го набљудувате извесно време. Кај него ќе најдете палета од погореспоменативе манири. Потоа можете да најдете и некој друг таков и да ги споредите. Ќе видите дека степенот на будалштина кај човекот се зголемува со количината и интензитетот на „смртните гревови“ што тој ги чини во своето секојдневие.