Што значи да го љубиш ближниот свој?

Анатомија на љубовта

Што значи тогаш библиската заповед: Љуби го ближниот свој како што се љубиш себеси?

Да го љубиш некого значи да му дозволиш да биде.

Тоа воопшто не значи да му ги исполнуваш желбите, да му помагаш финансиски или на било кој начин да толерираш насилство од негова страна. Да го љубиш некого значи да ја почитуваш неговата појава, неговите идеи со коишто тој дошол на земјата и да избереш дали сакаш да комуницираш со него или не.

За многумина љубовта значи принудна комуникација со луѓе што не им се допаѓаат. Тоа не е љубов, затоа што ако принудно комуницираш со некој што не ти се допаѓа, ти вршиш насилство врз самиот себе, живеејќи во реалност што не ти се допаѓа.

Таквиот живот ќе ти носи само фрустрации, затоа што твојата душа ќе се противи на секое наметнување слики коишто не се совпаѓаат со нејзиниот поим за убавина. Обидот луѓето сами себеси да се принудат на комуникација со луѓе што не им се допаѓаат е извор на самообвинување затоа што се убедени дека ако се тргнат настрана од некој негативен човек можеби ќе испаднат себични во очите на другите.

Иако неточно, ова е сосем разбирливо, затоа што разните групи на луѓето  постојано им ја наметнуваат потребата за компромис. И така, кога ќе се убедиш во добрината на компромисот, тебе ќе ти остануваат само трпењето на несоодветните околу тебе и фрустрациите што тоа трпење ќе ти ги создаде.

Нарачај ја книгата АНАТОМИЈА НА ЉУБОВТА

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!