Дефиниција за сатанизам

Дефиниции

Секоја постапка во правец на остварување на некоја егоистична цел е сатанизам.

Сатанизмот е концепт со кој теолозите се труделе да ги објаснат егоизмот, саможивоста и психопатијата. За таа цел, тие  го вовеле терминот луцифер, како симбол за ангелот кој сакал да биде посветол од другите.

Егоистот, саможивиот човек и психопатот се точно такви. Тие, себеси и своите цели се поставуваат над другите, што ќе рече, сакаат да „светат“ повеќе од другите.

Егоизмот е најниска форма на сатанизам,

Саможивоста е напредната форма на сатанизам

Психопатијата е крајна форма на сатанизам.

Постојат и други форми на сатанизам. На пример, има луѓе кои честопати глумат дека се умни, добри, благородни итн. со цел да се воздигнат себеси во однос на другите. Исто така, луѓето дури прават и добри дела за кои удираат на сите камбани, пак само со цел да се воздигнат себеси како добри и благородни во своите очи, и во очите на другите.

Затоа, Исус убаво рекол дека кога ќе делиш милост, левата рака да не знае што прави десната.

Тој уште рекол: кој ќе се понижи, тој ќе се возвиши што значи дека духовниот развој на човекот директно е условен од намалувањето на желбата за доминација и „возвишување“ над другите луѓе.