ЕВЕ КОЈА Е СМИСЛАТА НА ЖИВОТОТ
Малото дете само сака да порасне.
Тоа се радува на секој роденден и им се фали на другарчињата дека наскоро ќе наполни три, четири пет години или повеќе години.
Малото дете има смисла. Тоа сака да порасне, да биде независно и да господари со својот живот.
Малото дете ја знае смислата на животот, а тоа е да биде господар, да биде Господ.
Смислата на животот е човекот да научи да господари.
Човекот е природен господар и управувач на својот свет, кој заборавил дека ѐ.
Библијата вели:
Бог се вика „Јас сум.“
Бог не се вика „ние сме.“ Бог не се вика „оној е.“
Соодветно на ова, никој и ништо од надвор не може да биде Бог на ништо. Бог е во човекот, а се манифестира како Христос = неговиот здрав разум.
Кога ова ќе го разбере, секој ќе разбере дека смислата на човекот е да научи да биде Господар, управител на својот живот, контролор и регулатор на своите животни текови. Човекот кој го научил ова може да биде свој Бог и да нема други човечки Богови над него кои ќе му го кројат животот и ќе му кажуваат што да прави.
Секој мал успех на тој пат е награден со чувството на радост.
Саморегулација е зборот што го ослободува човекот од канџите на светот, кој како никогаш до сега, сѐ повеќе го притиска човекот во модерното време.
Модерното индустриско време бара потчинување. Индустријата си го бара своето. Секој мора да делува соодветно на програмата а тоа е да троши, да произведува, да плаќа камати и да умре пред премногу да му натежне на пензискиот фонд.
Индустриското општество го програмира човекот на послушност а за сметка на тоа му дава парно греење, клима уред, струја и мобилен телефон.
Но сите тие „добра“ не се доволни да му го надоместат чувството за празнотија што се јавува од сознанието дека некој друг му го крои животот, дека тој е само потчинета прашинка што има само една улога, а тоа е послушува.
Модерниот човек нема смисла затоа што не се надева дека утре може да порасне поголем од тоа што е. Тој само се плаши да не му биде земено и тоа што по милоста на индустирјата му е дадено.
Заклучок:
Ако човекот сака да најде смисла, може да ја најде само во постигнувањето на поголема слобода од околината преку создавање на способност за саморегулација. Да се саморегулира, значи да биде способен сам да си поставува правила и принципи на живеење во својот свет неискористуван од банки, претпријатија и од други умоболни човечки групи.
Саморегулацијата го дистанцира човекот од валканиот свет. Таа му дава можност да се почувствува слободен од смешните лажни богови со човечки ликови, кои си играат со неговата судбина како ќе им текне.
Само компетентниот и фокусиран саморегулиран човек кој го следи својот личен интерес може да стекне самоконтрола и да загосподари со својот живот.
Само саморегулираниот човек знае дека сите човечки групи се умоболни структури и како такви тој ги отфрла, приближувајќи им се само толку колку да го размени со нив тоа што го има. Тој не се идентификува со нив, и не наоѓа потреба да биде послушен, приврзан или не дај боже да чувствува припадност кон некоја од нив.
Тоа е смислата на животот.