Глупавостa

Дефиниции

Глупавоста е
Незнаење за место, настан, време, форма и закон.

Глупавоста уште вклучува и одбивање на нови знаења и примена на законите на универзумот.

Глупавоста го исклучува сомневањето и истражувањето.

Глупавиот човек еднаш дадена вистина ја прифаќа како своја,
без да ја провери нејзината веродостојност.

Глупавоста извира од мрзата човекот да учи и да осознава.
Сходно на тоа, мрзата и глупавоста кај луѓето ги раѓаат ниските емотивни тонови, кои потоа го влечат човекот кон дното на животот.

Животот постои за да ја излекува мрзата и глупавоста. Мрзата и глупавоста животот на глупавиот човек го прават болен. Колку е поглупав и помрзелив човекот, толку повеќе болка чувствува во животот. Болката е факторот што човекот го тера да го спознава животот за да живее поубаво.