ИНТЕРНЕТОТ МОЖЕ ДА УБИЕ!

Размислувања

95%  и повеќе од интернетот и телевизијата емитуват слики и информации на грди, глупави и корумпирани политичари, нискоинтелигентни јутјубери и новинари што врескаат како сѐ не чини, како сѐ ќе пропадне и сите ќе умреме во маки ако не се определиме за политичарите и целите што тие ги пропагираат.

Помисли малку:

Ако убавата реалност доаѓа од набљудувањето на убавите слики, излегува дека не можеш да очекуваш убава реалност ако гледаш во грди слики. Реалноста и самата тврда тридимензионална слика е последица на духовните слики или човековата имагинација. Така, кога се загледуваш во грдата реалност, ти прво ја имагинираш, а потоа, колку и да е таа туѓа, утре ќе стане твоја или на твоите деца.

И уште нешто: Колку повнимателно ја набљудуваш или не дај Боже ја коментираш, таа уште побрзо доаѓа кај тебе.

Сакаш да бидеш убав и моќен или грд и слаб?

Ако сакаш да бидеш убав и моќен, биди со себе. Тоа значи да бидеш на пристојна дистанца од грдостите што ги емитуваат денешните медиуми. Впрочем, медиумите, не само денес, туку цел век емитуваат грдости и глупости. Лошите вести не се измислени вчера.

Кога си со себе, ти си со Бога. Бог не живее во канцеларијата на шефот на што и да ѐ. Таму живее ѓаволот. Знаеш, нели? Да си со себе, значи твоето внимание постојано да биде фокусирано на тоа што сакаш да биде, а не на тоа што ѐ.

Ако сакаш да бидеш грд и слаб, зјапај во екранот на мобилникот или во кој и да ѐ екран. Колку повеќе, толку побрзо и посигурно ќе огрдиш. Исто така, барај начин како да му се допаднеш на шефот на што и да ѐ. Тој шеф може да биде шефот на работа, шефот на локалниот партиски огранок, публиката, масата народ итн.

Човекот кој разбрал дека умот е сложена форма на фотокопир машина, тој внимава што гледа, што слуша и што зборува. Тој исто така убаво внимава со кого се дружи и на кого му вели „добар ден“ на улица.

Сите негативни карактеристики на човекот можат да се подветдат под еден, а тоа е изразот „грдо.“ Грдото е грдо затоа што е негативно. Негативно, пак значи, во минус, или во правец на постојано додавање на слабост, а свеста на луѓето, секоја слабост убаво ја детектира како грдост.

За разлика од ова, сите позитивни човекови атрибути можат да се стават во категоријата „убаво.“

Мозокот ја формира реалноста според моделот што го гледа. Кога внимателно набљудуваш убави и благородни модели и размислуваш за убави и возвишени цели, ти се разубавуваш, затоа што моделите што ги држиш во главата се убави.

Во спротивно, сѐ е спротивно.

Нарачај книга од Валентино

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!