КОМЕРЦИЈАЛНИТЕ СИСТЕМИ

Размислувања

Сатаните – комерцијалните системи, групите луѓе создадени за профит и управа, не знаат за радост. Тие не се тие виновни за ова, затоа што тие се само обични безчувствителни машини.

Така, човекот што бара милост или духовност во или од група, таква духовност и ќе ја добие, а тоа е насочување и промоција на рамнодушноста или во најдобар случај „борба“ со негативните појави во општеството кон кои групата се противи.

 

Што знае систем друго да те научи освен да се бориш или да си рамнодушен? Тој не е виновен што не е испрограмиран за радост.

Што е добар човек?

Работата е што радоста и смислата не се програмираат. Тие се дар што може да ги има единката, но не и групата.

Колективот може да триумфира кога ќе победи друг колектив, но триумфот не е радост. Триумфот е сатисфакција што се јавува по извојувана победа. А после победата на човекот  во душата му останува празнотија, и бесмисленост.

Сиромаштијата, глупавоста и болеста

Нарачај ја книгата ПЛАТИ СКАПО – НАПЛАТИ СКАПО

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!