Да, луѓето се Богови, ама не знаат дека се!

Секој човек е Господ на својот индивидуален универзум, но се однесува како да е последен ѓавол.

Постојат две причини заради који што човекот се однесува како да не е Господ.

  1. Тој не знае дека е Господ,
  2. Тој сака да биде Господ на другите универзуми, т.е. да господари со луѓето.

Кога човекот сака да биде господ на туѓ универзум, самиот на себе си пречи да биде господ на својот.

За човекот да биде Господ, прво треба да им дозволи на другите луѓе да бидат да бидат  Господ самите на себе. Се разбира, човекот тоа не го прави, затоа што сака да владее со други универзуми. Тој, наместо да се насладува на својата божественост, мизерува играјќи ја улогата на едно обично смртно ѓаволче.

Затоа и е смртен, впрочем.

Желбата за власт над другите луѓе го убива човекот. Се чини како луѓето целиот свој живот да го поминуваат во настојување да ги натераат другите да го прават она што тие самите мислат дека е исправно.

Бескрајната арогантност на смртникот вели:

„Ти не знаеш што е добро за тебе, и затоа, јас ќе ти кажам. И, немој да си се сосмелил да не направиш така како што ќе ти речам, затоа што веднаш ќе ти се налутам.“

Нели е ова жално?

Додека луѓето се занимаваат со туѓите животи, пропуштаат да се занимаваат со својот. Човекот кој своето време го троши на управување со другите, мора да остави некој друг да се занимава со неговиот живот.

На тој начин, ниту тој самиот е може да биде Господ на себе, ниту пак другите ги остава да бидат Богови самите за себе.

Човекот е Бог до степен до кој што господари со својот ум, со своето тело и со своите постапки. Секој обид на човекот да наметне својата власт врз другите луѓе (универзуми) му одзема од неговата божественост и го прави обичен смртник.

Патот до Бога, е патот до себе. Патот до себе води преку воспоставување власт над своите идеи, мисли и дела. Човекот кој што научил да владее со своите идеи, мисли и дела, научил да владее.

Тој научил да биде Бог.

Фотографија  © Depositphotos.com/Jaykayl