ЛУЃЕТО ТРОПААТ ГЛУПОСТИ

Размислувања

За тебе е многу важно да разбереш дека кога зборуваш со некого, најчесто од неговата уста ти зборува систем кој сака заработи некој денар. Затоа многу често ти се чини дека луѓето „тропаат“ глупости. Тие тоа и го прават, но тоа не е од нив, туку од празните реплики кои машината од нивната уста ги кажува.

Зошто е ова вака?

Затоа што така се извежбани. Секој ден, по цел ден, умот на човекот од надвор, преку пропаганда и наметнување е програмиран да прави нешто. Рекламата и пропагандата се методи за надворешна контрола на умот. Моќните системи имаат пари и за пропаганда и за реклами, така што не им е многу тешко да наметнат некоја нивна празна идеја.

Вака системите го контролираат умот

Системите секогаш наметнуваат празни идеи. Затоа, кога луѓето зборуваат за идеите наметнати од системите се чини дека тропаат глупости. И навистина тропаат. Надворешно наметнатата идеја нема никаква, ама баш никаква врска со ничија внатрешна суштина и потреби, и затоа човекот кој тропа глупости е неискрен. Тоа другите го чувствуваат и знаат дека е така, освен самиот тој којшто ги тропа глупостите.

Провери дали си слободен

Нарачај ја книгата АНАТОМИЈА НА МОЌТА

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!