Лузер

Дефиниции

Кога човекот е неспособен да искреира креации за коишто другите луѓе се заинтересирани, тој е осуден на живот без размена. Заради тоа, тој се чувствува отфрлен од другите луѓе.

Така,

Лузерот не знаe што сака, но знае што мрази. Ова, на умот не му прави никаква разлика. На лузерот умот во изобилство ќе му го сервира она што тој најмногу го мрази, просто затоа што тој тоа го мрази го носи во себе.

Работата е кошмар за лузерот, а омразата го прави неспособен и неквалитетен и речиси неупотреблив работник. Затоа, лузерите никој не сака да ги вработува.

Единствените нешта што лузерот посветено ги прави се постојано да се жали на својата судбина на секој на кој ќе стигне. Во текот на животот, тој работи само на еден случај: Да стане што е можно поголем лузер. Крајниот степен на лузерство е клошарењето. Клошарите кои што спијат по метро станиците и под мостовите се лузери кој што го достигнале дното на животот.