Моќниот поседува самоконтрола

by Јул 9, 2019Размислувања

Моќта на единката доаѓа од самоконтролата. Самоконтролата доаѓа од љубовта кон Бога, а целта на изградувањето на самоконтролата е само една, а таа е единката да стане до тој степен самозадоволна, што ќе ѝ ја земе сета моќ на околината и на тој начин околината ќе ја направи неспособна да ја условува и изнудува.

Ова е целата смисла на религиозноста: Околината да се обезвласти до степен што ќе се доведе до ниво на едно обично ништо, ништо што е во состојба да биде преправено, прилагодено според желбите и потребите на единката, што таа ќе ги добие од повисоката свест, попозната како Бог.

Само самозадоволноста е во состојба да ѝ ја одземе власта на околината и да ја предаде на човекот. Околината нема власт врз самозадоволниот човек.

Единствено самозадоволната единка може да биде независна од хировите и насилството на околината.

Самозадоволната единка не влегува во компулзивни комуникации и не делува под команда на некомпетентната оклина. Чувството на самозадоволство и дава на самозадоволната единка дистанца од која таа ќе може да избира што и со кого ќе комуницира и прави.

Кога единката е самозадоволна, нема никогаш да се потчини на притисок и наметнувања од било каков вид. Таа ќе стане целосно слободна да го избира само тоа што ѝ е од интерес, а сѐ друго ќе отфрла.

Самозадоволната единка нема да може да биде принудувана, изнудувана и уценувана од никого. Овааѝ е од Бога дадено право.

Погрешно е да се мисли дека самозадоволната единка е себична. Исто така, погрешно е да се мисли дека самозадоволната единка е саможива, незаинтересирана и неспособна да ги разбере другите. Напротив.

Самозадоволната единка е само независна од туѓите маки и напади да ги сподели и умножи истите.

Самозадоволниот човек помага затоа што знае дека тоа е во негов интерес. Но помага исправно. Тој не се предава на притисокот што околината го прави врз него за тој да помогне така како што околината посакува.

Околината многу посакува и тоа што го посакува речиси секогаш е неисправно затоа што доаѓа од бескрајниот нагон да мрзелува.

На пример, околината најчесто бара пари на заем. Најмалку околината ќе побара совет и метода како сама да си помогне. Не, околината сака на готово. И за тоа, таа нуди признанија, тапкања по рамо, слава и сѐ што е бесплатно.

Но бесплатното вреди толку колку што е платено, значи не вреди.

Но на незадоволната единка ѝ годи кога ѓомити помага, па после некој ја тапка по рамото.

За разлика од незадоволната единка, самозадоволната единка нема потреба никој да ја тапка по рамо. Таа е готова да помогне, но само до таму до каде што околината е подготвена сама да си помага.

Истото впрочем го прави и Бог. Бог му помага само на тој што е во состојба да работи и самиот да си помага. Бог создава, но не ја полни кошницата. Тоа човекот мора сам да го направи.

Самоконтролата во својата најдлабока суштина е заштитен механизам што човекот го чува од претерани посакувања што ќе го доведат во ситуација да се задолжи.

Потоа, самоконтролата секогаш внимава единката да дава повеќе отколку што троши за да може постепено да натрупа капитал кој ќе ѝ помага да стекнува уште поголема дистанца и независност.

Капиталот  може да биде материјален и духовен. Духовниот капитал се вика компетентност или квалификуваност.

(продолжува)

Нарачај книга од Валентино

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!