НА КАДЕ СИ СВРТЕН?

by Јул 7, 2019Размислувања

Aко си свртен повеќе кон себе, ти го контролираш твојот живот. Ако си свртен повеќе кон другите, нивните одобрувања и очекувања, тие го контролираат твојот живот.

Рајот и пеколот се прашање на контрола. Самоконтролата значи рај, контролата од страна значи пекол.

Ако сакаш да бидеш во рајот, за сѐ што правиш барај потврда од себе. Ако сакаш друго, барај потврда од другите. Но ова не е лесно. Навикнат си, а навиката тешко се менува особено ако си постар од 30 години.

Запомни дека потврда од другите можеш да добиеш само ако и додека му служиш на  нивниот интерес. Кога ќе престанеш да им служиш, ќе се свртат кон некој друг.

Ова е сосем легитимно. Како некој може да знае што ти сака душата? Ако директно или индиректно ги прашаш другите што да правиш тие ќе ти кажат. Но тие не можат да влезат во твојата душа и да ти дадат совет каков што може да ти даде твојата душа. Тие можат да те советуваат од нивни агол. А тоа никогаш не работи во твој интерес.

Нарачај книга од Валентино

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!