Јас посакувам да имам многу пари!

Анатомија на љубовта

Тоа е грешка што многумина ја прават.

Што има љубовно или убаво во парите? Или, што ќе ти се пари без љубов?

Ако имам пари ќе бидам слободен.

Да, но ти не посака слобода туку посака пари.

Впрочем, ако ти не можеш да бидеш слободен без пари, како ќе бидеш слободен со пари? Или можеби мислиш дека парите сами по себе содржат слобода и убавина?

Парите се ливчиња што честопати не се дури ни убаво дизајнирани. И колку и да ги имаш тие различни ливчиња сами по себе се неупотребливи за друго освен за со нив да си потпалуваш оган.

Дозволи ми да ти дадам еден пример:

Замисли си дека си зел еден куфер со пари и си го однесол длабоко во амазонската џунгла за да им го подариш на луѓето од некое диво амазонско племе кои никогаш, ама баш никогаш не виделе пари. Ќе можат ли тие ливчиња да им донесат слобода или да им создадат било каква убавина?

Овој пример ти го давам за да ти докажам дека парите сами по себе не носат ништо, освен ако ти во себе немаш некоја убава и љубовна идеја за којашто ќе ги употребиш.

И сега, кога посакуваш пари без да знаеш за каква убавина сакаш да ги употребиш, во што си поразличен од домородците кои ниту виделе ниту чуле за светот надвот од нивната шума?

Парите се проклетство за тој што ги има без да биде свесен за љубовта. Затоа, многу луѓе што ги познаваш немаат пари и постојано се жалат дека немаат пари.

Добро, што да направам?

Прво научи што е тоа љубов.

Да ти повторам: Љубовта е креативен нагон, животна сила со која животот се креира самиот себе. Таа сила можеш да ја препознаеш во сите твои акции, во секој твој здив или движење. Ако не беше таа сила ти немаше да можеш ниту да се движиш, ниту да гледаш, ниту пак да чувствуваш или да правиш било што.

Кога си болен таа сила е ниска и затоа ти си исцрпен и тешко се движиш. Гледај на болеста како на блокада на животната сила или љубовта и така шансите за брзо оздравување ќе ти се зголемат.

Љубовта мораш да ја запознаеш затоа што се што правиш на овој свет се сведува точно на тоа да се запознаваш себеси и својата природа. Кога ќе се запознаеш себеси и својата природа, тогаш ќе разбереш дека ти самиот си љубов затоа што си створен од љубов.

Библијата вели декa Бог е љубов.

Тоа значи дека ти самиот си Бог, затоа што си создаден од Богот отец и дека ти е дадена божествена животна сила викана љубов за со неа да создаваш убавина.

Запомни: Убавина.

За да го постигнеш ова сознание можеби ќе ти треба повеќе време, но тоа не е важно. Важно е само дека твојата задача е да го проучуваш и внимателно да го набљудуваш секое твое движење со цел да ја почувствуваш силата што го овозможува тоа движење.

Кога ќе научиш да ја препознаваш љубовта, лесно ќе ти биде да разбереш што не е љубовта. Тогаш ќе можеш да управуваш со љубовта што значи дека ќе знаеш на кого треба да му ја дадеш љубовта и што ќе ќе добиеш во размена за неа.

Нарачај ја книгата АНАТОМИЈА НА ЉУБОВТА

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!