Простиот човек размислува како овца

Размислувања

Човековата простотија извира од мрзата на човекот да комуницира сам со својот голем мозок. Простиот човек бара начин како да најде некој друг да мисли за него, затоа што му е тешко да мисли со својот преден мозок. Таквиот начин на делување го прави еднаков со овцата.
 
Просечната овца не сака да размислува многу. За неа е доволно да има други овци што ќе ги следи.
 
Просечната овца не се грижи за својата безбедност, затоа што има кучиња што ќе го направат тоа за неа. Просечната овца не се грижи ниту за храната, затоа што овчарот е тука за тоа. Просечната овца си живее во блажено незнаење за тоа што ѝ се подготвува. Таа не знае дека нејзините деца сите редум ќе завршат заклани исто како што и таа ќе заврши заклана тогаш кога ќе престане да дава волна, млеко и јагниња. Тогаш таа ќе биде добра само за кожа. Месото ќе ѝ биде премногу старо да го јадат луѓето, така што телото ќе ѝ заврши или на депонија или за сточен концентрат.
 
Просечниот човек се однесува како овца. Тој не сака да знае дека неговите деца ќе завршат по фирми хипнотизирано работејќи, трошејќи и замајќи кредити, сѐ во интерес на тоа капиталистите и банкарите да стануваат сѐ подебели и помоќни. Сиромавиот, си живее блажено од дене за утре и си потпушнува марихуана од вечер во вечер, затоа што му ја дозволија. Среќен е заради тоа. Си павка од цигарчето и си ужива, додека раскажува приказни за газот на Ким Кардашијан.
 
Но овцата нема преден мозок. Го има само мозокот на цицачите – средниот мозок. За овцата е оправдано да биде овца. Но за човекот не е оправдано, затоа што човекот има капацитет да мисли со својот преден мозок, но со помош на индустријата, тој заборавил да го користи.
 
Многумина и не знаат дека имаат преден мозок, затоа што никогаш немале прилика да вежбаат комуникација сами со себе. Индустријата им дала можност лесно да живеат. Доволно е само да работат, да гледаат телевизија и да го купуваат тоа што ќе им се каже.
 
Човекот кој не сака да мисли со предниот мозок во својата глава прави голем грев, за којшто следи казна од Бога, а казната е да се оттуѓи од неговиот преден мозок да го сврти погледот од него и да се одвикне или да пропушти да се навикне да мисли со него. На тој начин станува како овцата.
 
Познатиот Бог за човекот е неговиот преден мозок. И кога мрзеливиот човек ќе бара други Божества во ликот на бедните човечки лидери, медиуми и бајачи, бидува презрен од неговиот Бог, затоа што тој прв го свртел погледот од себе и го насочил кон туѓите мозоци.
 
Простиот човек мисли дека туѓиот мозок мисли подобро од неговиот, само затоа што некоја група го ставила во позиција да ја води.
 
Неговиот Бог, тогаш ќе се повлече. ќе го остави сам и ќе го препушти на земните водачи кои понатаму ќе го искористуваат, ќе го измачуваат и ќе го понижуваат само заради една причина:
 
За да научи дека Бог ниту бил, ниту ќе биде надвор од него и дека ако сака да го види Бога, тој ќе мора постојано да го бара внатре во својот здрав разум и да го одвраќа погледот од мизериите што му ги продаваат човечките лидери.
 
Оти, човечките лидери не знаат да продаваат ништо друго освен мизерии.

Нарачај книга од Валентино

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!