Провери дали си слободен

Размислувања

Дали си слободен зависи од тоа дали работата што ја работиш или комуникацијата што ја имаш со некого ти носи радост или не. Слободниот човек се радува а неслободниот не се радува.

Слободниот човек вели: Овој човек ми е интересен и комуникацијата со него ми создава радост и затоа ќе се дружам со него. Оној другион не ми е интересен и затоа нема да комуницирам со него.

 

Слободниот човек исто така вели: Оваа работа ме исполнува, има смисла за мене и затоа ќе ја работам. Она другана не ме исполнува и затоа нема да ја работам.

Просто е нели?

Кога нема радост, човекот може да чувствува конкретни негативни емоции како што се тага, лутина или непријателство, а во најдобар случај може да има рамнодушност а рамнодушноста е мала апатија.

Денес, во најдобар случај, ако луѓето не чувствуваат непријателство се рамнодушни. Модерниот човек е научен да биде рамнодушен верувајќи дека е духовен. Рамнодушноста не е знак за духовност. Радоста и смислата се знаци на духовност.

Рамнодушниот човек нема интерес кон предметот со којшто комуницира. Тој не гледа смисла, но сепак, на некој начин е принуден, присилен да комуницира. На овој човек му е наметнато да комуницира. Тој не е слободен.

Што и да правиш е форма на комуникација, акомуникација е да имаш размена со нешто или некого, да правиш нешто, да создаваш и да набљудуваш.

Така, радоста значи дека ти си слободен, добиваш ентузијазам што се раѓа од смислата што ја држиш во главата. Во другите случаи, кога не си радосен, ти имаш наметната комуникација, немаш ентузијазам, енергијата ти е ниска, просто се влечеш.

Нарачај ја книгата 25 ЗЛАТНИ ЗАКОНИ НА УСПЕХОТ

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!