Разводите во новото време

Тоа што психијатрите не ви го кажуваат

Индустријата, преку филмови, тв-серии и телевизиски емисии им го пере мозокот на мажите и жените, им всадува празно и бесмислено чувство за лажна лична моќ и ги прави „независни“ и тоа од своето кралство, а тоа е семејството.
ТВ-сериите се полни со триесет и плус годишни самци и самици кои бркаат кариери (замислете) и живеат во мали станчиња со или без цимери. Истите парите си ги трошат на облека и патувања, а преку викендите излегуваат со пријателите и ловат врски за една ноќ. Тоа им е целиот живот на овие сиромаси.

И кога тоа ќе го види некоја површна личност, ќе ѝ се допадне затоа што таквиот живот ќе ѝ се стори како врв на независноста. Кога подолго време ќе гледа такви серии, одеднаш ќе се сети дека брачниот партнер не ѝ одговара и ќе посака да се ослободи од бремето на бракот и ќе поддаде тужба за развод.
 
Можете ли да си замислите: кралот или кралицата го растура кралството и го напушта дворецот за да живее сам/сама во некое станче дали под кирија или сопствено не е важно, со телевизорот како главен пријател, наместо да гради силно семејство.
 
Ваквиот самец во модерното општество може само да живее живот исполнет само со работа, телевизија, предмети, алкохол, па дури и дрога, со повремени интимни средби со мажи и жени и со празна и студена спална соба.
 
Празнотијата е сѐ што ваквиот човек ќе поседува. Да, секако, ќе ја има и мантрата, „Подобро сам, отколку со лош партнер.“ А што е тоа лош партнер никој не знае. Егото на индустрискиот човек надуено до крајни граници, по извесно време секого ќе го прогласи за неадекватен и лош. Доволно му е овој да му попречи да си купи некое играче што го видел на телевизија и што си го посакал во својата глава па истиот да биде прогласен за неадекватен.
 
Статистички, на Запад, неверството, алкохолизмот и насилството се причина за 30% од разводите. Неспорен факт е дека многу жени навистина имаат мака со неодговорните мажи. Но сепак, добри 44% од разводите се должат на таканаречена некомпатибилност. Некомпатибилност во цивилизациски поими главно значи дека мажот сака БМВ, а жената сака Прада, или едниот сака секс двапати неделно, другиот трипати.
 
Според сајтот statista.com во една од најбогатите и најцивилизирани држави Луксембург, рекордни 80% од браковите се разведени додека во Португалија, земја која не е толку развиена оваа стапка достигнува дури до 91.5%. Луѓето живеат сами убедени дека тоа е она вистинското затоа што така се на мир од вештачки насадените нагони на бившиот партнер/партнерка.

Нарачајте ја книгата Тоа што психијатрите не ви го кажуваат

За 390 денари со БЕСПЛАТНА достава!

Анатомија на љубовта - Валентино Лауцоски