САМОКОНТРОЛАТА

by Јул 17, 2019Размислувања

Единствената смисла на живеењето е постигнувањето на што е можно поголема самоконтрола. Колку повеќе самоконтрола, толку повеќе власт врз својот живот. Колку повеќе власт врз својот живот, толку повеќе задоволство.

Самоконтролата е единствениот извор на задоволство. Да се има самоконтрола значи за сите одлуки што човекот ги носи да добива дозвола од Бога, односно од неговата свет која делува преку неговиот голем мозок попознат како момчето или младоженецот Исус Христос.

Човекот кој не поседува самоконтрола не може да чувствува задовоство, радост или среќа. Затоа пак, слободно може да биде депресивен колку што сака. Депресијата е слика на отсуствто на самоконтрола. Депресивниот човек е високо анксиозен, исполнет со страв и несигурност што се резултат од тоа што му е наметната контрола од неадекватни извори, а тоа е околината.

Самоконтролата е свест за својата причинителност. Самоконтролата создава чувство на независност што се раѓа од непотребноста на единката за околината.

Уииверзумот работи на пазарни принципи. Колку поголема е потребата, толку е повисока цената на потребштината. А човекот ги добива големите нешта дури тогаш кога не му се потребни.

Парадоксално? Воопшто не. Штом исчезне потребата, цената што светот ја поставува паѓа и човекот може да си дозволи да го има нештото. Сѐ додека цената е висока, човекот не посега да си го земе тоа што го посакал.

Самоконтролата на човекот му дава чувсто на самодоволност. Кога човекот ужива во чувството на самодоволност тој создава релативна незаинтересираност за околината што пак од своја страна ја спушта цената на тоа што околината го нуди. Ова се случува на начин што човекот на работите ќе гледа наместо како потреба, како на луксуз.

Механизмот по кој се определува цената е многу прост и се вика пазар.

За да постои околината, потребно е некој заинтересиран да ѝ обрнува внимание. Колку тоа внимание е поголемо, дотолку повисока ќе биде цената што светот ја поставува. Ова и буквално и во преносно значење.

Самоконтролата е метод на самоконтролирање на интензитетот на вниманието што човекот ѝ го дава на околината. Колку помало е вниманието, дотолку е понизок компулзивниот нагон на желбата да се посегне кон нешто во околината. Колку вниманието е поголемо, дотолку е посилен нагонот за посегање кон нештото надвор.

Бидејќи сѐ во овој свет е поврзано на информациско ниво, пазарот го чувствува овој нагон и автоматски ја подигнува цената на тоа што човекот сака да го има. А потребата е највисоката форма на посакување.

Нарачај книга од Валентино

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!