Лажгото, лузерот и педерот

190 ден

Постојат добри луѓе. Тие имаат свест и создаваат убави нешта. Но има и луѓе, со малку свест и затоа ги уништуваат убавите нешта.

Ова е совршена книга што секоја млада дама треба да ја има во својата ташна затоа што содржи животно важни податоци во врска со негативните карактерни особини на луѓето што прават наместо на луѓе, некои луѓе повеќе да наликуваат на жаби.

Но жабата не е виновна што е жаба. Таа е жаба затоа што не знае да биде принц од бајките. Еден ден, можеби и ќе стане принц, но во меѓувреме, добро да се биде на пристојна оддалеченост од жабата, затоа што жабата ќе си биде жаба, без оглед на бројот на бакнежи кои ќе ги прими.

Научете се да ги разликувате жабите од принцовите. Тоа ќе ви заштеди многу време и бесмислени бакнежи.

Оваа книга е задолжително едукативно четиво за секоја млада дама.

 

 

SKU: 0002 Категорија