ШТО Е ЕГО? – УБАВО ДЕФИНИРАНО ЗА ДА НЕМА НЕДОРАЗБИРАЊА

Размислувања

Постојат многу конфузии околу тоа што е егото.

Многу е добро да се разбере зборот „его“, затоа што егото е најужасната работа што човекот може да ја поседува. Во егото се запишани сите болести, несреќи и страдања што една личност ги живее во својот краток живот.

Просечниот човек се идентификува со таа дефектна личност и затоа живее дефектен живот.

Дури откако ќе разбере што е егото, човекот во себе ќе може да создаде идеја за чистење на својата личност од егото.

Егото е дефектен лик што човекот го игра во претставата на животот составен од:

  • Дефектни верувања,
  • Дефектно извежбани навики,
  • Дефектни идеи,
  • Дефектни начини на рaзмислување,
  • Дефектни ставови,
  • Дефектни сексуални нагони во смисла на сексуални изопачености,
  • Дефектни работни навики, како што се мрза или воркохолизам,
  • Дефектни потреби за силни и неприродни задоволства како што се потреба за моќ, јадење, пиење, коцкање,  и слично.

Со еден збор, сѐ што човекот го прави болен, слаб, сиромав, глупав, недостоен, осамен, напуштен, опљачкан, исфрлен, понижен и потиснат, гладен, ненаситен, похотен, алчен и воопшто отепан од животот и со еден збор – лош човек.

Лоша личност значи лош човек – човек на егото или човек создавач на дефектна и изопачена реалност.

Самиот збор его во превод од латински значи „јас“. Тој збор сам по себе не значи ништо лошо, но во духовен контекст овој збор „его“ се користи за да се означи збирот од сите дефекти што може да се замислат во една личност.

Тие дефекти на личноста, прават личноста принудно да игра дефектна животна игра. Колку повеќе дефекти има личноста дотолку животот на таа личност е послаб.

Спротивно од егото се доблестите. Наспроти егото, секоја доблест носи убав живот. Доблестите се исправни верувања, навики, идеи, начини на размислување, манири итн. Со еден збор сѐ спротивно од погоренабројаните дефекти.

Во склад со количеството на присутни егоистични дефекти во однос на доблестите, животот на човекот е обоен во посветли или во потемни бои. Така, емоциите (коктелите од хормони) што човекот „ги јаде“ или ги искусува/вкусува како плодови на својата личност и ситуациите што ги доживува се во склад со смесата од доблесни или егоистични карактеристики на неговата личност. Оваа смеса го прави да биде поголем или помал маченик – поголем или помал роб на егото.

Убавината на човекот е во тоа што тој во себе има здрав разум и тоа прави да не е сѐ трагично. Не е сѐ судено и непроменливо. На човекот му е дадено да се менува по своја волја.

За разлика од животните, човекот поседува моќ да ја менува својата судбина преку транформација на своите дефекти во доблести. Во основа, сите дефекти се прашање на навики, прво генетски наследени, а потоа невнимателно надградувани во интеракција со околината во текот на животот.

Всушност, сите дефектни работи човекот ги добил од надвор. Прво генетски, а потоа во текот на воспитувањето и растењето преку интеракција со околината во којашто растел. Дефектните работи во младоста лесно се прифаќаат затоа што мозокот на човекот сѐ уште не е доволно доразвиен за младиот човек да може правилно да резонира и да се дистанцира од негативизмот на општеството во кое што расте.

На крајот се доаѓа со заклучокот дека сѐ дефектно доаѓа од надвор. Спротивно на ова, сѐ исправно доаѓа од внатре, од вистинската личност која е потисната заради незрелост на човекот. Очекувано е, човекот во текот на животот да зрее и да ги отфрла сите погрешно разбрани и туѓи концепти кои му го загорчуваат животот, на тој начин претворајќи ги дефектите во доблести, со цел животот да му се менува на посветло.

Тоа е.

Нарачај книга од Валентино

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!