Што значи да си Бог?

Размислувања

Да си Бог значи да имаш слободна волја. Слободната волја доаѓа од свеста за твоите потреби и интереси.

Но не е „свест“ сѐ што ти се чини дека е свест. Свест е само знаењето што е навистина твое, чисто ненаметнато, оригинално, исконско.

Во светото писмо стои:

Вие сте богови, вие сте сите синови на Севишниот; 

Псалми 82:6

Не можеш да бидеш Бог ако не си во состојба да го препознаеш тоа што навистина ти треба и да го разделиш од ѓубриштето идеи со кои те заплиснува масата. Масата секогаш има идеи за тебе поврзани со нејзината корист. Секој сака нешто да ти продаде, да ти наметне и на тој начин да те направи зависен од него. Секој нешто „знае“ што ти не знаеш и тоа ти го нуди во замена за пари или други добра од твоја страна.

Затоа пак твоето ЈАС СУМ, твоето себство, свеста во тебе или БОГ секогаш знае што е добро а што е лошо за тебе и без грешка те води по патот на животот.

Запомни дека масата идеи од околината е една голема помија. Помијата е блуткава, расипана, измешана и отровна. Помијата можат да ја јадат свињите, но на човекот не му доаѓа на памет да јаде помија. Но сепак, на ментално ниво луѓето навикнале во себе да пикаат секакви идеи кои од нивните умови прават помии и затоа се несреќни.

Несреќниот е несреќен оти јадел помија. Затоа пак среќниот човек јадел од медот Господов, од свеста, од идеите за своето најголемо добро и затоа живее во радост и благосостојба.

Нарачај ја книгата 25 ЗЛАТНИ ЗАКОНИ НА УСПЕХОТ

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!