ТОЛПАТА САМО ЗНАЕ ДА ХЕЈТА
Бог е еден и тој се наоѓа во човековата внатрешна личност. Бог не е многумина. Толку е просто да се разбере. Кога човекот резонира како единка, тој резонира од својата прекрасна божествена внарешност. Божественоста ја губи кога ќе се сврти кон светот и од него ќе почне да црпи инспирација.
И ако Бог е еден, ѓаволот не е еден. Ѓаволот е толпа што Библијата го вика Легион. Така, кога ќе се идентификува со парчиња од околината човекот станува ѓавол или крпено чудовиште како Франкештајн што во истоимениот роман од Мери Шели беше создаден од делови од мртви тела ископани од гробиштата.
Франкештајн е персонификација на болното општество. Неговото искривено лице е огледалото во кое се гледа конфузијата на групата.
Да не се лажеме: Секоја група е конфузна и во таа патетична конфузност, групата прво почнува да се вика „ние“ затоа што малите единки во толпата се чувствуваат силни кога ќе се во толпа. Но, на толпата ѝ треба глава, па почнува
да бара водач во ликот на човек кој ќе ја избави од конфузноста.
Па ќе најде некој наивник, и ќе го стави на пиедестал. Овој, наивников ќе се подлаже по моќта и ќе почне да се мачи да ја води толпата, мислејќи дека прави нешто убаво и благородно.
Но нема да успее. Никој не успеал на долги патеки.
И кога водачот нема да успее толпата ќе го смени, ќе го плука, а може и да го затори, и да го го убие. Погледнете што се случува денес. Прочитајте ги коментарите на ФБ. Омраза, конфузија и пак омраза.
Многу е погрешно да се мисли дека водачите се виновни. Не се тие виновни. Тие се само слика на толпата што ги поставила. Лесно е да се каже: Ние сме добри водачот не ни е добар. Но тоа нема да биде вистина. Вистината е дека секој водач е слика на тие што ги води.
А што се однесува до сатаната, тој е рожба на колективот. Неговото искривено лице е огледалото во кое се гледа конфузијата на групата.
Модерниот нискомудар човек е како очајниот Франкештајн, кој не знаеше кој ѐ и талкаше низ светот очаен и гладен за одмазда. Тој, наспроти двојата огромна физичка сила беше беден ѓавол, болна сиротиња, загубена и осамена прашинка желна за одмазда како многумина денес.
Мери Шели го знаеше ова кога го напиша Франкештајн.