ВАКА СИСТЕМИТЕ ГО КОНТРОЛИРААТ УМОТ

Размислувања

Наоѓаат некого што има одредена харизма, изгледа моќно, различно од масата, го прават популарен, го туркаат напред и со помош на медиумите преку многукратно повторување им го прават „близок“ на луѓето. Тоа може да биде актер, спортист, музичар, радио и ТВ водител и слично.

Сатаната се комерцијалните системи

Важно е да се појавува по медиумите и да се прави некаква слика за него во стилот дека тој е моќен, убав, мил, способен, нежен итн. Со еден збор тој станува посакуван. Тоа го прави влијателен.

Потоа, го плаќаат да пропагира. Системите знаат дека тој прима внимание од околината, затоа што на одреден начин на луѓето им изгледа моќен. Неговиот збор „се јаде“ кај публиката, или со други зборови, мамците фрлени преку неговата уста, рибите полесно ги гризат.

Просто е, нели?

Луѓето му се приклонуваат, сакаат да го имитираат за и тие да бидат моќни како него и во тоа обидување, кога тој прави нешто што системот го платил да го прави, сите почнуваат да го прават затоа што веруваат дека ако и тие прават така и тие ќе бидат моќни и ќе добијат внимание. Веруваат дека тој е искрен и дека тоа го прави од себе.

Луѓето тропаат глупости

Но не знаат дека тој не е искрен. Тој само е платен да го прави тоа што ќе те наведе да направиш нешто за да бидеш искористен а и самиот тој не знае дека е хипнотизиран од парите и моќта што системот ги насочил кон него.

Бидејќи е неискрен, тој почнува да тропа глупости, а глупостите ги копираат обичните луѓе и си ги трошат парите и работат за глупости. Така, настанува еден круг на тропање глупости во којшто никој не е среќен, затоа што човекот не е направен за глупости.

 

Нарачај ја книгата ПЛАТИ СКАПО – НАПЛАТИ СКАПО

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!