Нискоемотивните луѓе се цицачи на енергија – вампири.

Вампирите, во животните игри на нивните соиграчи им ги даваат нивните лоши вибрации и воедно, црпат енергија од истите.

Овие единки народот со право ги нарекол вампири. Вампирот е симбол на злото, а злото не е ништо друго освен одземање на животна енергија од луѓето по пат на психичко или физичко насилство. Затоа, во старо време вампирите биле опишани како суштества кои ја цицаат крвта на луѓето и ги претвораат во вампири што живеат само ноќе.

Овде ноќта има интересна симболика. Ноќта е симбол на сонот, на спиењето, на заспаноста. Енергијата од луѓето може да биде земена само во момент кога тие спјат, несвесни за тоа дека некој им ја цица нивната енергијата.

Вампирот всушност е персонификација на  луѓето кои што имаат постојана потреба да ги малтретираат луѓето околу себе. Крвта тука е само симболот на животната енергија што вампирите ја одземаат од луѓето. Нискоемотивните луѓе, егоистите и психопатите со психичкото или дури и физичкото насилство што го вршат врз луѓето си ја хранат ненаситната потреба за власт и моќ.

Народот не штедел зборови за да ја опишат темнината што неискоемотивните луѓе му ја даваат на светот. Ако ги проучиме легендите за вампирите, ќе видиме дека вампирите ги имаат сите карактеристики на лошите играчи кои што како темни суштества ги демнат луѓето од зад некој агол, готови да им ја исцицаат нивната животна енергија.

          И така, вампирите како и секогаш, така и денес се насекаде околу нас: дома, на работа, во власта. Разликата меѓу нив и филмските вампири е само во тоа што немаат остри заби и не летаат како лилјаци. Но тоа ги прави дотолку поопасни, затоа што денес најголем дел од вампирите се маскирани во социјални личности кои што стрпливо си ја чекаат следната жртва за да се наполнат со нејзината енергија.

Фотографија  © Depositphotos.com/Jaykayl