Верување (дефиниција)

Дефиниции

Верувањето е убедување во нешто кое што човекот не го знае.

Човекот кој што верува, се потпира врз нешто за кое што чул, видел или прочитал, но кое што не е негово лично искуство.

Еве еден вистински пример за верување од мојот живот:

Наде е умна девојка, вработена на убаво работно место во перспективна компанија. Таа се запознава со момче во кое што се вљубува. Момчето и раскажува дека е специјалист за софтвер и дека заработува неколку илјади евра месечно, работејќи за странски компании. Тој постојано и повторува дека е вљубен во неа и после две недели од нивното запознавање ја бара за жена. Исто така, успева да ја убеди таа да ја напушти фирмата каде што е редовно вработена и да замине со него да живее во странство.

Таа, без да провери кој е тој, и да се распраша за него, му верува на неговите убави приказни, ја напушта фирмата и заминува со него. После неколку дена, девојката открива дека сето што тој и го раскажал е лага, и дека човекот лаже за се што стигне.

На крајот, останува сама и без работа.