Кога нешто не е како што сакаш, кога не си среќен, кога твоите очи со солзи се китат, кога срцето твое е скршено од болка, прашај се што си утнал та така да биде…

Прашувај се така, набљудувај внимателно и тоа што ти ја причинило болката, брзо ќе го откриеш. Продолжи да набљудуваш и ќе ти се каже како да го отстраниш изворот на болката. Потоа, дејствувај во свој интерес и твоите очи веќе нема да познаваат солзи, твоето срце нема да има болка, а твојата насмевка ќе биде вистинска и ќе грееш од радост. Затоа што господ твој таков те сака!

Тој што живее по своја желба не познава солзи.

Солзите се знак дека на некого или нешто си дал повеќе внимание отколку што си дал на себе.

Љуби ги другите, но себеси љуби се за ронка повеќе.

И солзи нема да познаваш никогаш веќе…

Фотографија  © Depositphotos.com/Jaykayl