Луѓето можат да бидат измамени само ако тие се согласат да бидат измамени. Согласноста да биде измамен, човекот ја дава во моментот кога си прави сметкадека со тоа што ќе се сoглaси да верува во лагата ќе извлече некаква корист од тоа.

И измамникот и измамениот се подеднакво одговорни за предизвиканата беља. Ниту еден од нив не е подобар од другиот. Само што измамениот, бидејќи изгубил во надлажувањето глуми оштетен и ја лаже околината дека бил измамен.

Нема начин некој да биде измамен ако самиот не влегол во надлажување со измамникот.

Измамниците толку многу ментално “смрдат”, што буквално “труе” на сите страни и невозможно е некој да не ја забележи нивната смрдеа.

 

Фотографија  © Depositphotos.com/Jaykayl