Принцовите, обично, се вљубуваат во принцези. Приказните за принцовите, коишто се женат за селанки, слабо им помагаат на „селанките“ што сакаат да се омажат со принцот на бел коњ.

Умните девојки тоа го знаат, па не се занесуваат со приказни дека еден убав ден принцот на бел коњ ќе дојде за да ги запроси токму нив. Тие се доволно умни и не се препуштаат на случајноста, туку вредно и упорно си работат на тоа да станат принцези, бидејќи убаво знаат дека принцот си бара принцеза за жена.

На оние другите, помрзеливите, „принцези“ им останува да се задоволат со некој пробран селанец, само доколку не сакаат да останат вечно во редот за чекање. Така, најчесто, и се случува кај оние што вечно мрморат дека партнерот не им го бидува, без да се погледнат самите себеси.

Нарачај ја книгата ДАМАТА ДОМАЌИНКАТА И КУРВАТА

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!