Кога сте заедно од немај каде

Доктор Секс

Заедно од немај каде

Тешко е кога човек прави што било не затоа што љуби да го прави, туку од немај каде. Но точно тоа е реалноста на многу луѓе што чекаат да им помине животот обидувајќи се да го истрпат тој или таа до себе, глумејќи среќа пред децата или пријателите.

Нема љубовна цел, нема разбирање, нема ништо друго освен студена спална соба, кредит и партнер што те нервира и со којшто поим немаш каде одиш и што да правиш. Измислуваш дека треба да останеш со него/неа „заради децата“, а всушност немаш пари за адвокати, не ти се дели станот, а кредитот што го зедовте заедно сè уште не е ни до половина исплатен.

Врската градена врз наметнат афинитет е како кула од карти што се ниша на најмалото движење. Партнерите во ваквите врски изгледаат како ѕидари што градат куќа од цигли, но немаат малтер. И како што тие напредуваат со ѕидањето, така цигла по цигла (и тоа од долу) им се уриваат ѕидовите доведувајќи ги до очај.

Љубовта е единствениот „малтер“ што ги врзува луѓето. Сè останато е фалсификат, којшто кога – тогаш ќе направи ѕидовите од зградата да се урнат. Затоа, народот убаво рекол: „Со сила убавина не бидува“.

Оваа поговорка ја содржи целата суштина на наметнатата љубов. Наметнувањето е насилство врз љубовта и тоа може да постои само таму каде што има страв. Стравот пак е ’рѓата што нагризува сè што е убаво, а човекот што живее во страв е почесен граѓанин на пеколот, иако можеби и самиот не знае.

Нарачај ја книгата ДОКТОР СЕКС

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!