Жената е за да се оплодува

Размислувања

Мажот е за да ја оплоди жената. Жената сака да се оплодува и тоа ќе го направи со оној што таа сака да ја оплоди. А таа сака да се оплоди со најдобриот што може.

Ниту една жена не сака да се оплодува со мизерен човек. Секоја жена сака да се оплоди со оној кој по нејзина мерка е најдобар, затоа што знае дека мажот е за да прави и да одгледува деца, а мизерниот човек нема како да ѝ направи убави деца, а и не е способен да ги одгледува. Сепак, ако нема некој добар, може да помине и некој послаб, но само ако нема подобар. Послабите поминуваат само таму каде што нема посилни.

Истото е и со животот. Животот сака да биде оплодуван. Материјата е женски род. Зборот материја доаѓа од зборот матер или мајка.

Мајката пак, станува мајка само ако некој ја оплоди.

Сѐ што гледаш околу е плод на нечие олодување на материјата. Куќите на пример, патиштата, оградите и слично се материјален плод на некој кој имал доволно желба да ја олоди материјата и со тоа да се појави некоја рожба.

Ти си рожба. Некој ја оплодил мајка ти за ти да се родиш.

Истото е со сѐ што гледаш. Сѐ што сакаш да биде треба да го втиснеш во материјата за да се појави. Материјата е како форма за колачиња. Ќе втиснеш тесто во формата за колаче, ќе го ставиш да се испече и имаш колаче. Колачето што ќе се испече  ќе биде исто како формата во којашто си го втиснал.

Ако е формата убава, колачето ќе биде убаво. Ако е грда, колачето ќе биде грдо.

Твојот ум ги прави формите. Кога мислиш, ти правиш форми за колачињата што ги јадеш во животот. Ако мислиш грдо, ти правиш грди форми што се појавуваат во твојот живот како колачиња од шпоретот.

Немој да мислиш дека можеш да правиш грди колачиња а да јадеш убави. Секој си ги јаде колачињата што самиот си ги испекол. Тоа е законот на којшто почива овој универзум. Тоа што садиш (што втиснуваш во мисловните форми) и тоа што го одлгедуваш, по извесно време излегува од шпоретот на твојот живот.

Ако втиснуваш горчливи или кисели мисли, ти ќе јадеш горчливи колачиња. Разбираш? Нема како од шпоретот на животот да излезе нешто вкусно ако е направено невкусно. Ти си тука да се учиш да печеш убави колачиња.

Љубовта е факторот кој втиснува материјал во убави форми за потоа од шпоретот да излегуваат убави колачиња. Кај што нема љубов, колачињата се грди затоа што само љубовта може да направи убава форма.

Бракот без љубов е како фурна која пече грди колачиња. Или се кисели, или се горчливи или се прегорени или недопечени. Некои пак се и едното и другото и третото. За ништо не ги бидува.

Од друга страна, бракот во кој владее поголема хармонија пече убави колачиња и животот на партнерите е убав затоа што нивното шпоре пече убави колачиња.

Но не е само до формата и материјалот. Формите може да се убави, материјалот може да биде првокласен, но ако колачињата не се допечени или се прегорени, тие пак нема да бидат убави за јадење.

Исто така, тие навидум можеби ќе бидат убаво испечени но само од надвор. Ова се случува ако се печени на многу силна температура. Од надвор ќе бидат добри, а внаре ќе бидат недопечени.

Има и друга варијанта, а тоа е да се печени на многу слаба температура. И тие ќе се испечат, но ќе бидат многу тврди а од горе нема да добијат боја.

Така е и со луѓето и со сите работи. Секој е добар до толку доколку материјалот, формата и печењето му се погодени точно така како што треба.

Нарачај книга од Валентино

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!