ЕВЕ ЗОШТО ТРЕБА ДА НАУЧИМЕ ДА ГО ИГНОРИРАМЕ ОПШТЕСТВОТО
Ако сакаме да останеме ментално здрави, прво и основно што треба да направиме е правилно да се дистанцираме од општеството. Таа дистанца ќе направи да останеме имуни на токсични идеи во коишто се дави општеството.
Општествaта се токсични контејнери контаминирани со отпад од мртви спомени, митови, легенди и преданија, темни и песимистички предвидувања и его трипови од секаква природа. Тие се како каша во којашто секоја единка го истура своето ментално и емотивно ѓубре.
Ваквата каша е високо заразна и престојот во нејзината непосредна близина подразбира опасност од лична контаминација со менталните бацили коишто претекуваат од општествените контејнери.
Во интерес на нашето најголемо добро, ние мораме да се соочиме со фактот дека сите човечки општества на свој начин се луди исто како што сите луѓе се индивидуално луди. Никој човек и а понајмалку општествата не се целосно здрави. Затоа, ако се идентификуваме со нагоните на општеството и ние ќе полудиме како него.
Иако се чини како невоможна мисија не е толку тешко да се игнорира оптшеството. Игнорирањето не може да се постигне со сила, туку со разбирање до кој степен идеите на општеството немаат ама баш никаква смисла за нас.
Разбирањето на бесмисленоста на идеите на општеството доаѓа дури откога ќе разбереме колку смисла имаат нашите лични идеи за нас. И колку повеќе ќе гледаме во нашите лични идеи, дотолку помали ќе ни се гледаат идеите на нашето општеството како што се на пример да доминира со општеството на соседната држава.