И накрајот на краиштата, некој ќе рече: Јас имам право да не ми се допаѓа едно, друго или трето. Имам право да не сакам да зборувам со овој или оној и да не го трпам ликот а, б или в.

Да, сето тоа е точно. Човекот ги има сите тие права, исто како што го има и правото да страда заради својата омраза и нетрпеливост и да се разболува од физички и ментални болести, точно заради својот страв и генерираната од него омраза и гнев.