Хероите и медалите

Анатомија на моќта

Херојството е способност да се занемариш себеси во интерес на системите.

Секако, системите имаат методи да ја намамат единката да се жртвува за системот и тоа нормално, бесплатно. За да бидеш признат за херој ти мора да се жртвуваш бесплатно затоа што ако не беше бесплатното жртвување зборот херој немаше да постои.

Една од методите со кои системите им даваат бесплатни вниманија на своите припадници се медали и титулите како што се на пример: мирновременски херој, воен херој, работник на месецот, маченик и светец итн.

Појди во некоја антикварница и ќе видиш за колку малку пари внуците на хероите ги продаваат старите медали од своите дедовци за коишто тие можеби и животот си го дале. Гледаш, цената на медалите е многу ниска, но луѓето што ги добиле ги платиле со својата крв.

Внимавај, системите, иако неизмерно глупави, во исто време се доволно итри да почувствуваат кога им дадеш повеќе од тоа што тие ти го дале. Секако,  немој да мислиш дека тие веднаш ќе се истрчаат да ти даваат почести, медали и титули. Не, воопшто.

Прво ќе се обидат да те занемаруваат, да ја намалат твојата вредност што е можно повеќе, и да се обидат да си поминат со ништо.  Дури после, ако видат дека ти сакаш да ги напуштиш и да се приклучиш кон некоја друга група, ќе почнат да се пазарат со титули, звања, а дури потоа со повисока плата.

Нарачај ја книгата АНАТОМИЈА НА МОЌТА

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!