Моќта на човекот извира од свеста, затоа што свеста е достап до универзалното знење и моќ на универзумот и ако сакате Бог. Така, човекот ги користи ресурсите на универзумот, неговото знаење и моќ, до степенот до кој е свесен за нив. Нема нешто што човекот не го осознал а да не го користи во свој интерес.

Свеста во човекот има постојана тенденција да се раширува. Затоа и животот е претставен како спирала, којашто како што оди нагоре, така се раширува.

Свесниот човек е буден, самоопределен и способен да го избира својот пат кон целта на личниот интерес. Свесниот човек постапува самоопределено до степен на ширината на својата свест. Свесната постапка значи отсуство на автоматизам во постапките, отсуство на компулзивни мисли, навики, и постапки и свесно определување за позитивни мисли, планови, и цели.

 

Нарачај ја книгата АНАТОМИЈА НА МОЌТА

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!