Плати скапо – наплати скапо
390 ден
Драг читателу,
Љубовта има своја намена. Таа ти служи да се развиваш, да пораснеш и така да се приближиш до Бога. Но за многу луѓе денес воопшто не е лесно да откријат што е тоа што го љубат.
Ако не постоеше љубовта, ти немаше ниту да се родиш, а ниту ќе имаше можност да растеш и да се подобруваш. Љубовта е идејата за напредок, креативниот концепт којшто си го даваш себеси и само себеси, за потоа, преку тебе и целиот свет да може да ужива во твоите љубовни креации.
Но љубовта, немаше да постои ако пред тоа Господ не се заинтересираше да те создаде. Гледаш, љубовта е родена од интересот на Бога, кој потоа ја создава љубовта.
Во оваа книга се поместени дел од раговорите што ги водев со моите деца минатиов период на тема смисла, интерес и заинтересираност.
Напишани се така како што се правени, со минимални дотерувања од естеска природа.