Предавство можеш да извршиш само кон себе

Анатомија на моќта

Предавство можеш да извршиш само кон себе. Кон групата можеш да бидеш само некоректен и тоа не е добро, но немој да правиш паралела меѓу предавството и некоректноста, затоа што предавството е многу тежок чин што го вршиш против својата љубов.

Секако, групата ќе те убедува дека делувањето надвор од нејзините цели или дури и напуштањето на истата е чин на предавство, но не фаќај се на таа јадица, затоа што не е точно.

 

Секогаш биди супер коректен со групата. Биди точен, прецизен, извршувај ги своите задачи и во никој случај немој да ја подриваш, разбиваш или да ја шпијунираш, затоа што таа е тука за тебе. Но запомни дека групата е за тебе додека е за тебе. Кога нема да биде за тебе, не колебај се да ја напуштиши без тронка грижа на совест дека вршиш предавство затоа што не вршиш. На групата ѝ е доволна и предоволна твојата коретност којашто тукушто ти ја опишав.

Кога ќе почувствуваш дека сакаш да ја смениш групата, тоа значи дека ти си излегол од синхрон со неа. Во тој случај за тебе е најдобро да ја напуштиш и да си побараш друга. Имај предвид дека групата можеби ќе настојува да те дисциплинира, и да те натера да продолжиш да функционираш така како порано, што значи да те врати на претходната позиција на која што си бил а тоа, во ситуација ако си ја надраснал групата за тебе ќе значи само спуштање.

Што се однесува пак до приказната за предавниците, таа е сосем вообичаена. Групите постојано зборуваат за предавници затоа што и маат интерес да имаат поголемо и поквалитетно членство што ќе работи во нивен интерес. Затоа, секој оној којшто ќе застрани од идеите на групата за групата секогаш ќе биде предавник.

Предавството е духовна категорија!

Како таква, таа е длабоко лична затоа што само својата љубов можеш да ја предадеш.  Погледни малку: Самиот збор предавство значи предавање на нешто што имаш. А единственото нешто што секој човек навистина го има е неговата љубов. Така, ти ниту можеш да поседуваш нечија туѓа љубов, ниту пак да ја предадеш.

Затоа, кога групата те тера да се откажеш од своја љубовна цел за да не станеш предавник, таа всушност те тера да станеш предавник на својата љубов, и ти дури тогаш стануваш вистински предавник.

Не си предавник ако напуштиш групен концепт којшто повеќе не ти помага да се движиш кон своите љубовни цели, туку напротив, ти си умен човек што знае што сака од животот.

Нарачајте ја книгата АНАТОМИЈА НА МОЌТА

За 390 денари со БЕСПЛАТНА достава!