#21 Угледот е неисплатена плата за твоето слугување на околината
Така, ако си натовариш повеќе општествени обврски, ти ќе станеш угледен. И сите ќе велат: Тој е многу добар. Гледаш, колку е тој човек пожртвуван за својот народ. Тој помага на сите страни. Тој мисли за сѐ. Да живее личноста таа и таа.
Гледаш, во ниту еден момент околината не вели дека тој е угледен затоа што си ја гледа својата работа или си го гледа своето семејство, занает итн. Воопшто не. Угледот е прашање на општокорисност. Општокорисност не е да си мирен и да си плаќаш даноци. Општеството бара да занемариш сѐ што е твое и целиот да ѝ се препуштиш на групата. Ако може и семејство да немаш, уште подобро! Околината би била најсреќна кога ти би можел целиот свој живот да ѝ го посветиш неа и на нејзините потреби. Ако немаш ниту семејство ниту жена, а во исто време имаш потреба од углед и признанија, општеството ќе ти ги даде сите медали што можат да се исковаат, ќе те издигне до небо, само и само ти да бидеш исполнет од задоволството дека си „многу угледен“ и дека луѓето те почитуваат.
Во исто време, истата таа околина нема да ти каже дека кравите во Индија се свети животни не за друго, туку затоа што од нив луѓето молзат квалитетно млеко и ги употребуваат на нивите за орање.
Нарачајте ја книгата 25 ЗЛАТНИ ЗАКОНИ НА УСПЕХОТ
За 390 денари со БЕСПЛАТНА достава!