Што е искреноста
Што е искреноста?
Искреноста е манифестација на духот на вистината што го носиш во себе!
Искреноста е божествена карактеристика и многу важен човечки квалитет. Кога си искрен со себе, ти си искрен и со другите. Во основа, искреноста прави да знаш што сакаш а што неќеш, што ти со допаѓа а што не и во која насока сакаш да се придвижиш.
Искреноста прави:
- Да бидеш способен да се набљудуваш себеси и да ги препознаваш своите чувства во врска со сѐ што те опкружува.
- Да бидеш способен да постапуваш во склад со тоа што го чувствуваш на начин што ти носи најмногу интерес, без да им причинуваш штета на другите.
- Да бидеш способен да проценуваш што треба да промениш кај тебе за да го зголемиш твоето добрување и тие промени бескомпромисно да ги правиш.
Неискрениот човек не може да има убав живот затоа тој што е лесен плен на околината која без колебање ќе му наметне реалност каква што таа сака, каква што неа и одговара, без да води сметка како човекот ќе се чувствува во срска со тоа.
Во основата на сите болни состојби лежи лагата, а неискрениот човек се лаже прво себеси а потоа и другите. И тој човек лесно ќе се разболи емотивно, умствено или физички а тоа ќе се манифестира со сиромаштија, конфузија и негово пропаѓање на секое животно поле.
Еве што вели Библијата за искреноста:
Бог е духот на вистината
Биди способен да бидеш искрен и кон себе и кон другите и тоа на долги патеки ќе ти донесе невидени резултати затоа што искреноста ќе направи твојата длабока суштина да се манифестира лесно и брзо, а во длабоката суштина на сите луѓе е благосостојбата на секое поле.