Незаинтересираниот маж

Плати скапо - наплати скапо

Незаинтересираниот маж

Во интересот се наоѓа нагонот за живеење. Затоа, незаинтересираниот човек е депресивен и без желба за живот. Тој нема идеја дека утре може да му биде подобро од денес. Но за да се случи депресија апатија или некоја друга безволност, човекот прво мора да ја развие идеја за непостоење на подобро утре што ќе го доведе во состојба на апатија или смрт при живот.

 

Што е бесмисленоста?

Бесмисленоста е одсуство на надеж.

Кога треба да правиш нешто што знаеш дека не ти носи напредок, ти си демотивиран да го правиш тоа. А бидејќи сепак во животот нешто мораш да правиш, во отсуство на поумна идеја ти го правиш тоа, но резултатите од тоа правење се негативни, што ќе рече кај тебе отсуствува радост.

Една од негативните емоции коишто се јавуваат како резултат на отсуство на радоста е здодевноста. Здодевноста е недостаток од љубовна стихија што ќе те крене од местото и ќе те однесе на друго место.

Интересот за подобро прави да „ти се сака“ нешто да  направиш. А кога „ти се сака“ ти го правиш тоа нешто не затоа што некој тоа го очекува од тебе, туку просто, за себе, во име на твојот личен развој и опстанок.

На пример, сакаш да ѝ се јавиш на девојката по телефон. Го земаш телефонот и раката сама го избира бројот. Не рамислуваш дали треба или дали е добро да ѝ се јавиш. Исто така, не размислуваш дали таа те очекува да ѝ се јавиш или не. Просто се јавуваш затоа што љубовта ја придвижила твојата рака за да ја подигнеш слушалката и да ѝ се јавиш.

И ако некој те праша зошто ѝ се јавуваш на девојката, ти можеби воопшто нема да знаеш да одговориш, затоа што мислиш дека спонтано си се јавил.

А спонтаноста постои само во присуство на љубовта. Затоа, љубовта е високо ценета во меѓучовечките оноси и особено во уметноста. Најубавите уметнички дела, музика и други креации се настанати спонтано, или како што уметниците велат дека „им дошло од внаре“.

Сигурно ти се случило да помислиш на некого што го љубиш и тој да ти се јави по неколку минути или дури секунди на телефон. И ти можеби си се чудел на случајноста, но знај дека случајости не постојат. Ова е унивезум на прецизни физички закони коишто функционираат на база на енерго-информациски стихии што насочуваат енергија во одреден правец и на тој начин создаваат форми.

Нарачај ја книгата ПЛАТИ СКАПО – НАПЛАТИ СКАПО

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!