За самечкиот живот
Самечкиот живот, со повремени љубовни средби е на нивото на обичната аматерска игра, дури и пониско. Како што маалскиот фудбалер се реализира на улица, така и повремените љубовници се реализираат за време на своите повремени средби, лишени од радоста да се будат заедно во ист кревет. Тие го немаат задоволството да бидат играчи во тимот што победува.
Всушност, да се будиш наутро до човекот со којшто имаш заеднички цели, значи да го започнеш животот во моментот кога си ги отворил очите. Интеракцијата со партнерот, и децата претставува незаменливо искуство и можност за растење резервирано само за љубовните професионалци.
Кога човекот не сака да биде во врска, тоа значи дека тој потсвесно се плаши од тоа да создава и да одржува врска. Фрустрацијата пак, е наградата што ѓаволот му ја дава на човекот што се плаши, затоа што животот бара креации и резултати, а човекот што се плаши, не сака од себе да го даде тоа што животот го бара – креациите.
Така, пак доаѓаме до заклучокот дека човекот не може да не игра. Обидот да не игра, да игра малку, ограничено или по правила што самиот ќе му ги наметнува на животот, му носи само дружба со ѓаволот, за кое добива награди во форма на фрустрации.
Нарачајте ја книгата ДОКТОР СЕКС
За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!