Дали љубовта умира?

Доктор Секс

Некои велат дека љубовта умирала. Но да прифатиме дека љубовта умира е исто како да прифатиме дека умира гравитацијата.

Всушност, тоа што луѓето го перципираат како смрт на љубовта е само смрт на нивните заеднички цели.

Љубовта не може да умре, затоа што тоа е закон на којшто се заснова целиот универзум. Може да умре само намерата на човекот да ја следи љубовта и тоа се случува затоа што човекот навлегува во зоната на конзервативизмот и здодевноста.

Овие емотивни зони се такви што на човекот му создаваат убедлива слика дека тоа е тоа и дека нема што да се прави, заглавувајќи го во бесмислена реалност. Секако, секоја реалност има цел да опстане, па така и оваа реалност, која ги прави луѓето жртви на нивната конфузија.

Но и конфузниот човек знае да почувствува кога се случува нешто непосакувано. Затоа, дефиницијата љубовта умира колку и да е неточна, сепак е знак дека во врската се случува нешто алармантно што час поскоро треба да биде надминато.

За жал, најголемиот дел од луѓето оваа состојба ја сметаат за неизлечива и решаваат со неа да живеат како со хронична болест или да ја излекуваат со разделба.

Во целата животна драма, најинтересно е што луѓето најмалку веруваат во тоа дека сè може да биде исправено, само ако се има љубов за тоа. Фактот што во врската има двајца партнери дополнително ја усложнува ситуацијата затоа што ако едниот верува, другиот може да не верува во можноста проблемите да бидат решени. Во секој случај, на следниве страници ќе објаснам од што и како љубовта умира, а вам ви оставам да проверите сами до кој степен ова е вистина.

Нарачај ја книгата ДОКТОР СЕКС

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!