Потиснувањето

Доктор Секс

Од друга страна, партнерите кои во своите спомени складирале многу нерешени инциденти и незавршени комуникации, почнуваат да гледаат еден на друг како на потенцијални извори на непријатности. Тие убаво се сеќаваат на болките што им ги нанеле нивните партнери, од простата причина што не ги ослободиле, туку ги закопале некаде во потсвеста.

Потиснувањето прави партнерите полека да почнат да гледаат еден на друг како на извори на непријатности, а и самите да не се свесни за тоа. Потоа, ова гледање почнува да создава искри кои прелетуваат низ умот на партнерите што прераснуваат во отворени конфликти.

Луѓето овој нагон честопати го потиснуваат кога се наоѓаат во друштво, и затоа од надвор изгледаат како односот да им цвета. Затоа, кога човек гледа некоја љубовна двојка што поминува држејќи се за раце, може да помисли дека партнерите постојано се така вљубени и хармонични додека нашата врска е неквалитетна.

А вистината е далеку од тоа. Сите ние за себе мислиме дека имаме уникатна мака што свесно ја носиме или ја потискаме длабоко во нас. Исто така, ако и на момент ни се стори дека го мразиме нашиот партнер, ќе се сомневаме во тоа, затоа што ни се чини дека другите се толку многу вљубени за разлика од нас.

Така човек многу лесно може да навлезе во зоната на самообвинување, особено ако партнерот му е од тие „мирничките“. Секако, „мирничките“ не се ништо подобри од воинствените, само што тие не се толку склони отворено да војуваат, туку си имаат свои методи на специјална војна, но за ова зборував претходно во поглавјето за одмаздата.

Нарачај ја книгата ДОКТОР СЕКС

За 190 денари со БЕСПЛАТНА достава!